Македонија 11. април 2018. / 12:13

Почна седницата за интерпелација на Владата: ВМРО-ДПМНЕ со пароли во Собрание (ФОТО)

Почна седницата за интерпелација на Владата: ВМРО-ДПМНЕ со пароли во Собрание (ФОТО)

Почна собраниската седница за интерпелација на Владата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во образложението на барањето за гласање доверба на Владата потпишано од 41 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека во изминатите десет месеци владејачките партии заборавиле на предизборните партиски програми и ветувања кои ги дале пред граѓаните и не оствариле ниту еден единствен проект и реформа со кои ја барале довербата од граѓаните.