Во комисииите на Советот на Општина Штип од денеска почна постапката за избор на в.д градоначалник на Општина Штип, кој оваа функција ќе ја извршува до изборот на нов градоначалник на Општина Штип. Изборите се закажани за 13 и 27 декември. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане МИланов потврдува дека денеска со ставање на точка на дневниот ред на Комисијата за статус и прописи на Советот на Општина Штип и официјално почнува постапката за избор на в.д градоначалник на Општина Штип.
Советот на Општина Штип треба да изврши избор на вршител на должност на градоначалник и тоа Советот го врши на исти начин, какошто го врши за претседател на Советот. Седницата е закажана на 14 октомври. Така да очекувам да Советот избере вршител на должност, кој ќе ги има сите ингеренции, како градоначалник, вели Миланов.
Прашан дали тој ќе се кандидира за оваа функција, Миланов со потврден одговор дека тој ќе биде еден од кандидатите, која е и професионална функција.
Заменик градоначалникот ги користи правата од работниот однос во претпријатието, каде е вработен, а вршител на должноста на градоначалник веќе ги има истите права од работен однос, какошто ги има и градоначалникот, вели Миланов.
Забележа дека и како в.д градоначалник главна цел му е да ги заокружи сите затекнати проекти од претходниот градоначалник, а сега Министер за транспорт и врски Благој Бочварски, но и да се грижи за секојдневните обврски на општината и на јавните претпријатија кон граѓаните.