Започна маршот во организација на Kоалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Како што најави организаторот со марш низ скопските улици, тие ќе го изразат својот револт за потиснување на правото на слободното гласање.
Членовите, симпатизерите и поддржувачите на партиите на Села и Гаши тргнаa од паркот во Чаир, а според маршрутата на движење, преку мостот „Гоце Делчев“ и зградата на Владата, планирано е протестната поворка да заврши пред канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија.
Токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава, која ги започнува преговорите за членство во ЕУ, не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ, велат организаторите на маршот.