Македонија 25. јуни 2020. / 12:37

Починаа двајца пациенти во Штип позитивни на корона вирус

Починаа двајца пациенти во Штип позитивни на корона вирус

На Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со Ковид-19.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА информира дека станува збор за пациенти на возраст од 80 и 75 години.

Осумдесетгодишниот пациент на Инфективното одделение е хоспитализиран на 5 јуни, состојбата му била тешка во текот на лекувањето и бил со кислородна поддршка. За разлика од него, 75-годишниот пациент е деносен вчера во претпладневните часови со симптоми на корона вирусот, а починал неколку часа по хоспитализацијата. Брисот земен по смртта покажал дека позитивен пристигнал во болницата. Двајцата пациенти претходно имале други здравствени проблеми.

На Инфективното одделение во моментов се хоспитализирани 22 пациентите од општините од источниот регион, а двајца се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од земените брисеви. За само една недела од корона вирусот во штипската Клиничка болница починаа тројца пациенти, откако минатата недела почина 63- годишна жена.