Премиерот Зоран Заев денеска се огласи на Фејсбук по вчерашната средба со Алексис Ципрас, како и Бизнис форумот.
– Со одржувањето на заедничкиот Бизнис форум одбележавме историски момент, значаен за унапредување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Грција. Преминуваме од состојба на ограничен простор за економска соработка до целосно отворено поле кое допрва ќе треба сите заедно да го искористиме на најдобар можен начин, напиша Заев денеска.