Македонија 30. септември 2018. / 21:49

По пропаѓањето на референдумот се огласи грчкото МНР: Го почитуваме изборот на граѓаните

По пропаѓањето на референдумот се огласи грчкото МНР: Го почитуваме изборот на граѓаните

По пропаѓањето на референдумот се огласи и грчкото МНР.

Тие констатираа дека цензусот не е исполнет, дека од оние кои излегле на референдум повеќето гласале ЗА, но дека огромен дел од граѓаните не го поддржале Договорот со тоа што не излегле воопшто.

-Резултатот од референдумот во поранешната југословенска Република Македонија, консултативен, а не дел од обврзувачките услови од Договорот од Преспа, е контрадикторен. Големо преовладување за „ЗА”, но без соодветна излезеност. Голем дел од општеството на соседната земја го поддржаа договорот. Но, еден важен дел го гледа со скептицизам. Грција го почитува изборот на граѓаните на поранешната југословенска Република Македонија“, соопштуваат од грчкото МНР

Тие додаваат дека за следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа.