Поранешната судијка, Виолета Дума, која поднесе оставка, па беше разрешена како член на Државната изборна комисија поради бонусите, го советува премиерот Зоран Заев за правосудството за месечен надомест од 40 илјади денари, потврдиле од Владата за „Макфакс“.
-Виолета Дума е ангажирана во кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија како надворешен соработник за правосудство, со посебни знаења и искуства од областа на судството и правосудниот систем, со договор во времетраење од 20.7.2018 до 20.7.2019 година. Износот на месечни примања за нејзиниот ангажман изнесува 40.000 денари, велат од Владата.
Оттаму додаваат дека Дума активно учествувала и во работата на Советот за реформите во правосудството со свои мислења и анализи. Додека јавноста реагира на доделување на бонусите, Дума изјави дека е законска одлуката за да си доделат бонуси и дека етичкото прашање е друга работа.