Протоколот на Владата си ја научи лекцијата, но не да го поставува вистинското знаме пред делегацијата која доаѓа, зашто другото е дипломатски скандал и навреда, туку да се спаси од резил, пишува Република.
За секој случај српската премиерка Ана Брнабиќ денеска беше пречекана на платото пред Владата без знаме. Што е сигурно, сигурно е, зашто српската пробојка е незгодна – можеше да биде француското, холандското или не дај боже руското. А сигурно некаде во депоата се наоѓа и некоја тробојка со петокрака…
Курц беше пречекан со знамето на Латвија.