Предлог законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, ќе се разгледува по завршување на лидерската средба, одлучија денска едногласно пратениците во македонското собрание, со 78 гласови – „за“.
Немаше гласови против и немаше воздржани. Барања за процедурални забелешки или противења од страна на опозицијата, исто така – немаше.