Македонија 20. октомври 2019. / 16:44

По лидерската кај Пендаровски, Заев на средба со коалициските партнери

По лидерската кај Пендаровски, Заев на средба со коалициските партнери

За 20 часот вечерва е закажана средбата на премиерот Заев со помалите коалициски партнери, откако Македонија не доби одлука од ЕУ лидерите за старт на пристапните преговори.

Претходно, лидерите на поголемите политички партии, во 17 часот ќе се сретнат во претседателската вила на Водно на барање на претседателот Пендаровски.

Премиерот Заев во обраќањето до јавноста побара предвремени избори, а денеска на ФБ профилот напиша дека „сега сите ќе треба двојно повеќе да работиме, и да направиме за да сме двојно подобри. Промените и реформите не ги носи една влада, или 20 луѓе. Треба сите да се промениме и реформираме, сите два милиони…“

Се очекува на денешната средба да биде договорен датумот за предвремените избори.