Македонија 12. мај 2020. / 16:54

Планот на Мицкоски во 4 точки прифатен: Прво ќе се оценува здравствената состојба па датум за избори

Планот на Мицкоски во 4 точки прифатен: Прво ќе се оценува здравствената состојба па датум за избори

Планот на Мицкоски од четири точки прифатен на лидерската средба.

Прво треба да даде оценка здравствената комисија за состојбата во однос на здравствената ситуација и можноста за оддржување на избори. Потоа да се обезбедат набљудувачи, па потоа да се произнесе ДИК за тоа дали има услови за избори, за да на крај се обезбеди и определи миожен датум.

Повеќето лидери се согласиле дека здравјето на граѓаните е најважно.

Идната недела следи нова лидерска средба.