Еден од најгласните епископи на МПЦ-ОА кој беше критички настроен кон претходната власт веќе нема трпение ни за скандалите, грешките и аферите на Заев и неговата влада.
Владиката Европски Пимен меѓу другото во својот пост го критикува одложувањето на планот за смени во администрацијата и фактот што Заев и неговите луѓе немаат совест.
Епископот прашува дали од државниот буџет треба да се платат советници и на сегашните над 60 советници на Заев.
–Ем не ги фаќа метла, ем не ги фаќа грижа на совест. Или пак да им платиме и на советнициве советници – пишува владиката Пимен.
Реакцијата на владиката Пимен следеше откако беше објавено дека руски “Пранкери” дури три пати за една година го натерале премиерот да разговара со нив, да мисли дека зборува со Столтенберг и Порошенко и да издава важни свои и туѓи државни позиции.