Македонија 16. октомври 2019. / 10:50

Петир: ЕУ покажа двојни стандарди, со Македонија преговорите требаше да започнат уште пред 10 години

Петир: ЕУ покажа двојни стандарди, со Македонија преговорите требаше да започнат уште пред 10 години

Поранешната хрватска европратеничка Маријана Петир уште еднаш ја обвини Европска унија за двоен аршин кон Македонија.

ЕУ покажа двојни стандарди кога станува збор за Македонија. Пристапните преговори требаше да почнат уште пред десет години, прокоментира на Твитер основачката и прв шеф на Групата пријатели на Македонија во Европски парламент.