Поранешниот заменик-министер за образование и наука, од СДСМ, Петар Атанасов, си поднесе оставка и од партиската функција. Тој се повлече од Владата, но и од Централниот одбор на СДСМ.
Останува на критиките на власта кои ги даде и при поднесувањето на оставка од втората највисока функција во Министерството за образование и наука.
–За две години многу ефтино се потроши општествениот капитал за промени извојуван од многумина во битката против злото. Секоја утка на СДСМ многу скапо ја плаќаме – пишува Атанасов.