Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.
На Институтот за трансфузиона медицина, денеска го пуштивме во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза. Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот, напиша Филипче.