Во интервју за „Радио Слободна Европа“, Претседателот Стево Пендаровски рече дека вториот бран на корона вирусот кој се разви по верските празници можеше да се избегне доколку целата Влада сложно застанаше зад мерките и прописите, без исклучок и гледање низ прсти на верските заедници. Голема вина имаат и верските лидери на ИВЗ и МПЦ кои неодговорно ги ставија во опасност верниците и граѓаните.
Јас го реков тоа и на првата моја прес-конференција по повод првата вонредна состојба, ако е можно Саудиска Арабија со клуч да ги затвори џамиите, ако е возможно папата сам, комплетно сам, да држи миса, не гледам причина нашите цркви и џамии да бидат делумно отворени. И ние во тие две најголеми верски деноминации селективно да ги применуваме прописите, или работат или неработат, рече Пендаровски.