Македонија 13. април 2019. / 20:44

Пендаровски во Радовиш: Претходната беше година на евроинтеграциите, следната ќе биде на економијата

Пендаровски во Радовиш: Претходната беше година на евроинтеграциите, следната ќе биде на економијата

ИЗБОРИ 2019Пендаровски во Радовиш: Ако минатата беше година на евроинтеграциите, оваа и наредните се години на економија и подобрување на стандардотОбјавено пред 1 минута – 13 април, 2019Од Макфакс

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина во Радовиш, каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми меѓу кои и претстојните претседателски избори.

-Вратите сега ни се отворени. Ако минатата беше година на евроинтеграциите, оваа и наредните се години на економија и подобрување на стандардот. Доста се бавевме со историјата, немаме време за чекање, затоа знаете дека на 21 април и на 5 мај треба сте заедно да го заокружиме бројот 3. Претходната власт и фамилијата, не уназади и опљачка. 2016 година не почнавме од нула, туку од минус – рече Пендаровски.

Рече дека тој и концепотот што го застапува пред себе имаат една единствена цел, а тоа е како да се живее подобро, како да се направи младите да не заминуваат надвор од државата. Последната година и пол направени се тешки компромиси, но, посочи Пендаровски, беа нужни, за нашата држава да тргне кон Европа и развиениот свет.

-За НАТО е веќе речиси завршена работата и нема веќе дилеми дали ќе ја биде нашата земја. Имаме гаранција за безбедноста, суверенитетот и интегритетот. Со почетокот на преговорите со ЕУ се отвораат бројни можности за младите да продолжат да работат и живеат тука, порача Пендаровски.