Шансите дека во декември ќе се одржи првата меѓувладина конференција се мали, изјави во интервју за 360 степени претседателот на државата Стево Пендаровски.
На скалата од 1 до 10, дали Македонија ќе почне преговори со ЕУ и дека во декември ќе се одржи првата меѓувладина конференција, шефот на државата Стево Пендаровски вели дека неговата оценка е 3.
Пендаровски рече дека во овој момент не може да биде оптимист.
-Шансите се мали, во овој момент шансите се мали. Додека сега овде зборуваме тоа е така и многу би сакал да згрешам во оваа моја процена, нагласи Пендаровски.