Македонија 06. февруари 2019. / 13:47

Пендаровски: Станавме де факто членка на НАТО

Пендаровски: Станавме де факто членка на НАТО

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, го поздрави потпишувањето на Пристапниот протокол за НАТО, со што, според него, станавме де факто членка на НАТО.

-Денес, по цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание, станавме де факто членка на НАТО, со што ја реализиравме најголемата стратешка цел зад која стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму, напиша на Твитер Пендаровски, кој денеска заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров, присуствуваше на потпишувањето на Пристапниот протокол за НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.