Македонија 26. септември 2019. / 11:40

Пендаровски: „Рекет“ да се реши темелно до крај – сме етаблирале култура на неказнување

Пендаровски: „Рекет“ да се реши темелно до крај – сме етаблирале култура на неказнување

Аферата „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку заради нас самите, порача претседателот Стево Пендаровски, пренесе Фокус.

– Треба да им дадеме максимална поддршка на нашите институции во борбата против корупцијата, со цел културата на неказнивост да стане минато. – рече Пендаровски во Собранието.

Според него, разочарувачко е тоа што од осамостојувањето на земјава до денес има многу малку пресуди за случаи за висока корупција.

– Сите знаеме дека такви злоупотреби има многу. Овој факт говори дека високиот криминал и корупција биле прикривани и сме етаблирале култура на неказнување. – посочи шефот на државата.