Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се огласи со реакција откако вчера Вицепремиерот и Министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, објави честитка за 8 Март со географска карта од „Санстефанска Бугарија“ во која е опфатена и територијата на денешна Македонија.
– Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи. Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки, се вели во реакцијата на шефот на државата.
Честитката беше објавена утрово и на нашиот портал. „Традиции, семејство и чесност. Бугарија над се’“ – гласеше вчерашната објава на Каракачанов, на која беше прикажана мајка која во своите прегратки држи дете, а во позадина беше исцртана географската карта на „Санстефанска Бугарија“.