Македонија 19. април 2019. / 19:24

Пендаровски од Вевчани: Гласот за број 3 е глас за сигурна иднина на младитe

Пендаровски од Вевчани: Гласот за број 3 е глас за сигурна иднина на младитe

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на средба со жителите на Вевчани повика на масовна излезност на престојните претседателки избори.

Гласот за број 3 и концептот за напредок кој го предводам е глас за сигурна иднина на младите, за економските перспективи, подобрување на стандардот, повеќе пари и нови работни места. Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех, бидејќи има политичари кои водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи, рече Пендаровски.

Слоганот на неговата кампања е „Заедно Напред“, овие два збора, рече Пендаровски, значат живот и напредок во демократски и европски дом.