Македонија 03. March 2019. / 15:37

Пендаровски: Немаме друга опција – освен победа на 5 мај

Пендаровски: Немаме друга опција – освен победа на 5 мај

МАКЕДОНИЈАПендаровски: На 5 мај, немаме друга опција, освен да победимеОбјавено пред 2 минути – 3 март, 2019Од Васко Маглешов

Со 712 гласови „за“ од 783 гласови, делегатите на СДСМ го потврдија изборот на Стево Пендаровски за кандидат за претседател.

-Драго ми е што за првпат во независна Македонија, застануваат три партии на ентички Албанци- рече Пендаровски во обраќањето пред делегатите на конгресот.

-Оваа коалиција веќе направи чудо со тоа што го урна режимот и постигна договор со Грција. Овие луѓе и ништо друго да не направат ќе останат на светлите страници на историјата- рече Пендаровски и дополни дека во 2014 година бил направен брутален изборен инженеринг.

-Ми дадовте огромна политичка одговорност- рече Пендаровски, заблагодарувајќи им се за поддршката на сите делегати.

Пендаровски кажа дека луѓе од разни ентикуми да се определат за исти цели и дека од Република Северна Македонија почнале да доаѓаат убави вести.

“На 5 мај немаме друга алтернатива, друга опција, освен да победиме”, порача Пендаровски.