Македонија 31. август 2020. / 09:13

Пендаровски во 13 часот на средба со владата на Заев

Пендаровски во 13 часот на средба со владата на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во 13:00 часот ќе ги прими претседателот на Владата на Република С. Македонија, Зоран Заев и членовите на новата Влада.

Со 62 гласа „за“ и 51 „против“ во Собранието ноќеска пред полноќ беше избрана новата Влада на Република С. Македонија предводена од премиерот Зоран Заев.

Во завршното обраќање пред пратениците Заев рече дека државата, која сега е членка на НАТО и има одлука за преговори со ЕУ, со посветеност и заедничка работа ќе има институции со кои ќе се гордеат сите.

Тој најави целосна посветеност на економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување што е можно повеќе странски инвестиции.