Македонија 12. ноември 2019. / 10:41

Пендаровски на 22 ноември во официјална посета на Белград

Пендаровски на 22 ноември во официјална посета на Белград

Претседателот Стево Пендаровски, на 22 ноември ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Тој во Белград ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на посетата на Србија, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, и со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.