Македонија 06. јануари 2019. / 19:15

Пендаровски: Македонија и политички и воено е подготвена да стане членка на НАТО

Пендаровски: Македонија и политички и воено е подготвена да стане членка на НАТО

Македонија и политички и воено е подготвена да стане членка на НАТО, откако ќе се заокружи процесот со Договорот за името.

Националниот кооординатор за НАТО Стево Пендаровски во интервју за Телма вели дека не се предвидуваат поголеми проблеми во Грција околу обезбедување на поддршка за Договорот од Преспа, откако тој ќе помине во Македонија.

Пендаровски во интервјуто зборува и за се она што уште ја чека Македонија на патот до полноправното членство во Алијансата.