Премиерот Зоран Заев ја бојкотира денешната свечена инаугурација на новиот претседател на републиката, Стево Пендаровски.
Бројни високи државни делегации од соседството присуствуваа на свечената заклетва, но, премиерот не може да се забележи на снимките.
-Беше поканет и претседателот на владата на Република Северна Македонија. – рече спикерот Талат Џафери додека ги набројуваше поканетите.
Во салата, присутни се и лидерите од соседството кои поминаа илјадници километри за да присуствуваат на свеченоста, но, Заев го нема. Дојдоа шретседателот на Република Бугарија, Румен Радев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Република Албанија, Илир Мета и претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
Официјалното тврдење на Заев е дека ја бојкотира инаугурацијата затоа што е на годишен одмор во траење од 4 дена. Тој утринава на Стево му прати видео честитка.