Ги фрливме стегите на режимот на буништето и сега чекориме кон патот кон интеграцијата, економскиот развој и целокупниот општествен наредок и на тој пат не сме осамени. Погледнете околу нас, илјадници други стапки го чекорат овој пат и денес, баш како и пред три години, го одиме чекорот заедно. Заедно оддиме напред, им порача Стево Пендаровски на присутните на централниот митинг.
Пендаровски е цврсто уверен дека сега се гради општество за сите.
-Определени сме за правда правна држава и горди сме што еве веќе две ипол години тој концепт е препознаен како концепт за прогрес и успех. Градиме општество каде што сите сме еднакви пред законите и сите институции се определени за тоа дека нема место за криминал и корупција- рече Пендаровски.
Тој на присутните им порача дека како претседател правдата на сите граќани ќе биде и негова правда додека неправдата ќе биде негова обврска и грижа.
Пендаровски се обврза дека ќе води политики на заедништво а не на поделби и како претседател кој ќе води напред кон членство во ЕУ и НАТО.