Македонија 21. јули 2019. / 18:20

Пендаровски го направил Гоце Делчев Бугарин за да ја зајакне нашата преговарачка позиција

Пендаровски го направил Гоце Делчев Бугарин за да ја зајакне нашата преговарачка позиција

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека со тоа што кажал дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, а се борел за независна и самостојна Македонија, ги зајакнал македонските преговарачки позиции во дијалогот со Бугарија.

Пендаровски вели дека по консултации со академици и ителектуалци по историја, заклучил дека е потребно да ја даде таа изјава за да ја одблокира работата на македонско-бугарската комисија.

– Македонската јавност треба да знае дека комисијата од историчари составена од Македонија и Бугарија западна во ќopcокак. Практично дојде до ситуација, дојде до периодот 19-20 век, во кој бугарската страна инсистираше, по мое убедување од политички мотиви, сè што се случувало во тој период да биде препишано само на бугарската историја и сите тие дејци, сите peволуционери и сите настани да бидат дефинирани како исклучиво бугарски. Јас после една долга серија консултации, кои ги имав со академиците во нашата академија, со членовите на нашата комисија, со истакнати интелектуалци и професори по историја на наша страна, од нашата држава, заклучив дека е потребен извесен политички ветер во грб на нашата страна од комисијата и една политичка рамка да речам, не конечно или целосно решение, туку една политичка рамка во која идните разговори во рамки на таа комисија, евентуално можат да се одвиваат. – рече Пендаровски.

Тој додаде дека го изјавил тоа бидејќи во спротивно ќе сме добиеле чиста блокада за ЕУ од Софија.

– Во спротивно добивавме чиста блокада, значи прашање беше на време кога до крајот на годината, освен она што го имавме со години од Атина, ќе добиевме чиста блокада кон ЕУ од Софија. Последната средба на комисијата во Скопје не беше продуктивна, има закажано следна средба во септември, во меѓувреме тие меѓу себе, членовите на комисијата имаат интензивна комуникација, циркулираат материјали во двете насоки во смисла да се најде заедничко стојалиште за тие работи и да дојдеме до она што е примарната цел на таа комисија да зборуваме за личности, не за сите, и да зборуваме за настани, не за сите настани во тие два века кои се споделени, не се само македонски, не се само бугарски, бидејќи целта е, повторувам, да видиме каде имаме споделена историја, не таа сторија да биде комплетно бугарска и ние од оваа страна само да потпишеме таква работа, бидејќи тоа не е целта на комисијата и што е поважно тоа не историски факт. – истакна претседателот.