Македонија 25. ноември 2020. / 22:13

Додека сите коментираат, претседателот молчи: Пендаровски без коментар за скандалозната изјава на Заев

Додека сите коментираат, претседателот молчи: Пендаровски без коментар за скандалозната изјава на Заев

Стигнаа многу реакции по интервјуто на премиерот Заев за бугарската новинска агенција во кое тврди дека Бугарија не била фашистичка држава. Додека од сите страни стигнуваат коментари, за ова нема што да каже претседателот на Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски нема да излезе со официјален став и коментар по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската новина агенција „Бгнес“ во кое дел од искажаните ставови се косат со ставот и изјавите на претседателот дадени во јавноста околу новонастаната состојба со Бугарија, ветото и барањата на официјална Софија. Во интервјуто премиерот Заев кажа и дека „претседателот Пендаровски не е искусен политичар“.

– Претседателот Стево Пендаровски нема да ги коментира ставовите изнесени во интервјуто на премиерот Зоран Заев, соопштија кусо од Кабинетот на претседателот за Гласот на Америка.

Околу оваа скандалозна изјава се уште нема реакција ни од македонскиот тим во мешовитата комисија за историја засега официјално без реакција. Сепак неколку членови излегоа во јавноста и се оградија од кажаното во интервјуто.