Македонија 15. јули 2020. / 18:25

(АУДИО СНИМКА) Печуров: Зошто градоначалникот на Новаци нарачува луѓе да ме газат со кола

(АУДИО СНИМКА) Печуров: Зошто градоначалникот на Новаци нарачува луѓе да ме газат со кола

Денеска пред еден час градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски му гo испратил лицето Гоце Вељановски (Чич) на Јован Печуров за да го убедува да гласа за СДСМ, а од него бараат да го отсрани сонцето од Кутлеш од неговата куќa, дознава и објавува ,,Економски Лидер”, заедно со аудио снимкaтa.

Во снимката Гоце Вељановски бара од Јован Печуров да кажел некои тајни. Меѓу другото Печуров објаснува како после средбата со градоначалникот кола ќе го изгазела.

Кола ќе ме згазеше, знаеш колку ми е мака поради тоа напиши и за  Вангел дека е вмешан, и после од Вангел добивам закана, а зашто градоначалникот да нарачува да ме гази некој што е намерата, јас не знам дали е од него или од Вангел, јас морам да се заштитам од 2:40 и 3:30 од адуио снимката се спомнува овој дел.

Вангел штo го спомнуваат во муабетот е сосед на Јован од Новаци од кого трпи закани целото семејство на Јован. Инаку Вангел Бошевски е инспектор за дрога во СВР Битола. На Јован му се нуди и работно место од страна на градоначалникот Љубе Кузмановски ако својот глас го даде за СДСМ и го отсрани сонцето од Кутлеш.