На светски популарниот сајт за рангирање на пасошите на земјите од светот, паспорт индекс (Passport Index) македонскиот пасош е веќе обележан како пасош на Северна Македонија.
Ова е единствената светска интернет страница на која се објавуваат промените во податоците за сите пасоши во светот, за тоа со кој пасош за каде е потребна виза, каде може да се патува без виза.
Македонскиот пасош е рангиран на 117-то место – со овој пасош без виза може да се патува во 76 земји, во 41 земја виза се добива при пристигнувањето, а за 81 држава потребна е виза.