Македонија 17. септември 2020. / 12:49

ПАРТИСКА НАГРАДА: Шекеринска незаконски поделила чинови на штотуку примени војници

ПАРТИСКА НАГРАДА: Шекеринска незаконски поделила чинови на штотуку примени војници

Нов мандат, стари навики. Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска на незаконски и скандалозен начин унапредила 70 војници, кои штотуку биле примени во армијата. Таквиот чин не само што е незаконски и спротивен на етиката, туку е и понижувачки за Армијата на Република Македонија, односно за припадниците кои со години служат на армијата.

Беззаконието и партизацијата во Министерството за одбрана продолжува. На 11-ти септември министерката за одбрана Радмила Шекеринска им поделила договори за вработување на 70 новопримени војници и веднаш ги унапреди во чин разводник, вели нашиот извор.

Ова не е прв случај Шекеринска да се замеша во струката која не ја разбира и да дели чинови како што тоа на времето го правеше Љубе Бошковски во МВР. Приемот на војниците од страна на Шеќеринска е врз основа на распишан оглас непосредно пред изборите.

-Инаку, војникот може да биде унапреден во разводник, но најмалку по една година стаж во Армијата на Македонија, што не е случај со новоназначените 70 разводници. За ваквите одлуки на министерката, неминовна е реакција од страна на командантот во чија единица се војниците, но исто така и од Генералштабот кој не смее да дозволи партиско самоволие на Радмила Шекеринска, коментира нашиот извор.