Македонија 29. август 2019. / 17:45

Парите за питијада во Велес ќе се пренаменат за пошумување и нова опрема за пожарникарите

Парите за питијада во Велес ќе се пренаменат за пошумување и нова опрема за пожарникарите

Средствата за годинешниот „Фестивал на пити и вино“ во Велес да се пренаменат за санирање на последиците од пожарот и пошумување на оголените површини, како и за обезбедување на нова опрема за пожарникарите, предложува градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

-По катастрофалниот пожар одлучив на Советот да му предложам оваа година да не се одржи фестивалот на велешки пити и вино и средствата што се предвидени во буџетот за таа намена, другите средства што ги предвидувавме со промената на програмите на денешната седница како и средствата од поддржувачите на фестивалот да ги насочиме пред се кон санирање на последиците од пожарот и пошумување на оголените површини и обезбедување на професионална лична заштитна према за пожарникарите со цел да бидат поефикасни во гаснењето на пожарите, вели Коцевски.

Како што вели тој, очекува овој предлог да биде подджан и од останатиет членови на Советот на општината како и мнозинството граѓани на Велес, а како замена за фестивалот најавува дека ќе се организира поефтина алтернативна манифестација.