Македонија 05. февруари 2021. / 09:52

Пари има за ќерката на Димитров, ама не и за шампионот по Математика!

Пари има за ќерката на Димитров, ама не и за шампионот по Математика!

Бура од реакции во јавноста предизвика случајот до  основецот Дамјан Давков од Штип кој освои прво место на средношколски натпревар, но не ја доби наградата од МОН, оти таков бил Законот.

Срам, абе на вакви деца треба и плус награда да му се даде; Не поздравија реформите;  Дали вака се стимулираат талентираните кадри во Македонија; За нашите деца се прави револуција, а вака сами ќе се си заминат од државата; Образованието ни е една гола фекалија, генијалец дете го демотивираат; Секој ден монолози за образование на 21 век,срамно; За ќерката на Никола Димитров годишна стипенија од 40.000 евра. За малиот гениј Дамјан еднократно 15.000 денари Ете затоа младите си одат од Македонија, се само дел од многуте реакциии на социјалните мрежи.

Инаку Дамјан Давков кој е ученик во основното училиште „Ванчо Прке“ од Штип, на Државното првенство по математика го освои првото место во конкуренција на ученици од прва година средно образование, а МОН со потпис на министерката Мила Царовска одби да му даде награда затоа што на натпревари во средно образование, можеле да учествуваат само средношколци, а и согласно тоа министерството не можело да оди спротивно на Законот, одкаде додаваат дека ќе го преиспитаат случајот.

Семејството на Дамјан реагира затоа што МОН воопшто не води сметка за млади луѓе кои уште од малa возраст, од основното образование, покажуваат натпросечен квалитет. Реагираат дека ваквите ученици државата дури и ги елиминира во добивањето награди.

Случајот со Давков  покажува во каква мизерна состојба се наоѓа образованието во државата.  Од една страна дете генијалец кој не ја доби наградата затоа што таков бил законот, а од друга страна ќерката на Никола Димитров која доби  40 000 евра од државата за додипломски студии во Холандија.

И, како што објавија тогаш медиумите, на итна седница на штотуку формирана комисија во Министерството за образование било одлучено Јана Димитрова, да ја добие стипендија од дури 40.000  евра,  за што подоцна одговорните  се бранеа  дека се било според закон.

Најбезобразно и без око да им трепне, владините претставници без грам морал  ги користат сите привилегии за своја лична употреба, како случајот со ќерката на Димитров.

Се дебатира за нови концепти во образованието, а ниту збор за измена на глупи закони и прописи, како на пример последниот случај со детето гениј.

Професорите  од основно образование кои ги контактиваме за коментар велат дека вакви деца како Дамјан ги има многу во државата и ова само го покажува односот на државата за нашите деца.

-Вакви деца има многу во државата и тие треба да се чуваат како скапоцени камења. Ова кажува каков е односот на државата и воопшто свеста на политичарите за важноста и грижата за нашите деца. За ова треба системско решение за парични награди и поддршка при меѓународни натпревари од аспект на финансии. Родителите и наставниците си плаќаат од сопствен џеб, ни изјави Никола Стојковски, наставник во основно образование.