Франциско ќе биде првиот папа што ја посетил Македонија, а посетата ќе се реализира во првата недела од мај 2019 година, како дел од турнејата што ќе ги опфати и Бугарија, и Романија, објави аргентинската државна новинска агенција Телам, повикувајќи се на извор во Ватикан, пишува Експрес.
Тоа засега е единственото предвидено патување во Европа на поглаварот на католичката црква следната година.
Хорхе Берголјо (световното име на папата – н.з.) ќе патува со важна порака за екуменска отвореност, бидејќи во трите држави има големо православно мнозинство. Во Македонија, исто така, една третина од населението се муслимани, објаснува агенцијата.