Премиерот Зоран Заев, денеска, на македонски јазик се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент.
-Граѓаните знаат каква одлука да донесат. Тоа не е лесна одлука. Ќе бидеме Република Северна Македонија, но со признаен македонски народ и признаен македонски јазик, изјави премиерот.
Во совето обраќање тој ја нагласи посветеноста на Македонија кон зачленување во Унијата и нагласи дека условите кои се поставуваат за влез, се приоритет на државата.
Премиерот истакна и дека Договорот од Преспа е модел за тоа како треба да се решаваат конфликтите.
-За нас Европа значи да живееме во модерно, рамноправно и отворено општество, со јасни демократски стандарди, во кое живее правото, во кое живее солидарноста, во кое функционираат подобри судови и во кое правдата е еднаква за сите, рече Заев.
По неговиот говор следуваа овации од страна на европратениците.