Од службата за односи со јавност во министерството за здравство соопштуваат дека министерот Венко Филипче денеска нема да ја одржи редовната прес-конференција.
Како што се посочува во соопштението, службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања и тие ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.
Од Министерството за здравство не ја наведуваат причината поради која нема да се одржи редовното обраќање на министерот Филипче.