Со авион од Унгарија, имало најава дека вакцините од Кина ќе стигнат на 16-ти февруари на скопскиот аеродром. Датумот го најави и премиерот Заев, но планот е откажан бидејќи вакцините се уште не се подготвени во Кина.
Според информациите на телевизија Телма, македонскиот контингент од Пекинг требало заедно да патува до Будимпешта заедно со унгарскиот контингент од 250 илјади дози и црногорската пратка од 150 илјади вакцини. Тие 600 илјади вакцини во Будимпешта би се поделиле за секоја земја посебно. Македонските 200 илјади вакцини и црногорскиот контингент потоа со ист авион на „Виз Ер“ требало да заминат прво за Скопје на 16-ти февруари, а потоа за Подгорица. Но планот и авионскиот превоз е откажан.
Министерот Филипче за Телма телефонски изјавил дека станува збор за шпекулација за овој договор за авионски превоз на вакцини.
Изјавата на министерот Венко Филипче и целиот текст, можете да ги прочитате на Телма.