Македонија 30. јуни 2019. / 15:18

Откако беше фатен во криминал: Рашковски се заканува дека ќе го тужи новинарот што ја објави аферата

Откако беше фатен во криминал: Рашковски се заканува дека ќе го тужи новинарот што ја објави аферата

Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, во коментар на неговиот фејсбук профил се закани дека ќе го тужи новинарот кој ја објави аудио бомбата во која се слуша како се мести тендер од 7 милиони евра.

Освен новинарот, Рашковски се заканува и дека ќе го тужи човекот кој го снимал спорниот разговор кој беше објавен од порталот Експрес и новинарот Горан Момировски.