Министерот за здравство Венко Филипче, најавува дека ќе биде ангажирано професионално обезбедување да го чува медицинскиот персонал во старата зграда на Градската болница, Ургентниот центар на клинички и клиниките за токсикологија и за кардиологија, каде најчесто се случуваат инциденти.
Денеска Филипче се сретна со преставници на Лекарската комора како и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Полицијата ќе има и зачестени контроли околу болницата Св.Климент Охридски каде пред два дена имаше нов инцидент.