Европскиот Суд за човекови права во Стразбур одлучи Република Македонија да плати 9000 евра, на трансродово лице, кое со поддршка од Коалиција Маргини ја тужеше државата за повреда на правото на приватност и правото на ефикасен правен лек во текот на процедурите за промена на полот.
Коалиција Маргини на Фејсбук соопшти дека денес во Судот во Стразбур доби позитивна пресуда во случајот ‘X против Македонија’ во кој Судот утврди дека постоечката законска рамка има јазови и сериозни недостатоци кои го довеле транс лицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет.
– По оваа одлука, Македонија има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.
Судот на транс лицето му додели 9000 евра нематеријална штета за претрпен стрес во изминатиот период. – стои во објавата на Коалиција Маргини.
Како дојде до тоа ова лице да ја тужи државата прочитајте ТУКА.