Македонија 14. јануари 2021. / 21:17

Освен на Стража, забранет сообраќај на уште два правци за товарни возила

Освен на Стража, забранет сообраќај на уште два правци за товарни возила

Поради снежни врнежи, вечерва од 20:35 часот е воведена забрана за движење на товарни моторни возила и на превојот Плетвар, на регионалниот пат Велес – Прилеп и обратно.

Како што соопшти АМСМ, во 17:50 часот беше воведена забрана за товарни возила и на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 18:50 часот на патниот правец Гостивар- Кичево преку планинскиот премин Стража.