Македонија 22. декември 2020. / 15:16

Османи: Сѐ уште немаме добиено одговор од Софија за нон пејперот

Османи: Сѐ уште немаме добиено одговор од Софија за нон пејперот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека ветото од Бугарија нема да влијае врз процесот на преговори помеѓу двете земји и обидите да се изнајде решение.

– Сѐ уште немаме добиено одговор од Софија по однос на нон пејперот кој го содржи нашиот став како треба да се реши спорот, одговорот од Софија е дека се уште го разгледуваат. Ова сепак нема да влијае врз процесот, преговорите продолжуваат и покрај ветото. По новогодишните празници се можни нови средби и нова посета на нашиот специјален претставник Владо Бучковски на Софија. Дотогаш и ние ќе градиме стратегија со каков пристап ќе ги продолжиме преговорите, вели Османи.