Македонија 29. октомври 2019. / 09:53

Османи и Димитров пред собраниска Комисија ќе одговараат на прашања поврзани со преговорите за ЕУ

Османи и Димитров пред собраниска Комисија ќе одговараат на прашања поврзани со преговорите за ЕУ

Денес собраниската Комисија за европски прашања ќе одржи седница посветена на евроинтегративните процеси во Македонија по последниот Самит на Европскиот совет на кој беше одложена одлуката за почеток на преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

Се очекува свои обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.