Македонија 29. јули 2020. / 09:56

Османи го посети претседателот на Собранието Џафери кој е хоспитализиран на Инфективна

Османи го посети претседателот на Собранието Џафери кој е хоспитализиран на Инфективна

Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи, го посети претседателот на Собранието и сопартиец Талат Џафери, кој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Еднаш воин, секогаш воин!, порача вицепремиерот Бујар Османи под фотографијата која ја објави доцна синоќа на „Фејсбук“.

Во посета со Османи беше и директорот на Торакална, Неџати Јакупи, исто така нивен сопартиец и поранешен пратеник и министер за животна средина.

Џафери е сместен на Инфективната клиника од петокот (24 јули). Тој беше примен со повеќе симптоми кои укажувале на присуство на вирусот, а имал и пневмонија, но досегашните тестови, според информациите од неговиот кабинет, се со негативен резултат.

Вчера оттаму информираа дека неговата здравствена состојба е стабилна, но потребен му е одмор, со оглед на набиената агенда во изминатиот период за време на изборите.