Македонија 26. март 2020. / 12:00

Организиран автобуски превоз за враќање и на 27 граѓани од Турција

Организиран автобуски превоз за враќање и на 27 граѓани од Турција

Министерството за надворешни работи соопшти дека во текот на денешниот ден е организиран иавтобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.

По пристигнувањето во Македонија лицата ќе бидат сместени во задолжителен карантин.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста, стои во соопштението.

Министерството за надворешни работи исто така соопшти дека 42 македонски граѓани кои затекнати и заглавени во Словенија, утрово продолжија и во текот на денот се очекува да пристигнат во Македонија.