Македонија 27. февруари 2019. / 22:52

Орданоски заглавен во 2014 година

Орданоски заглавен во 2014 година

Уредникот на емисијата „Печат на неделата“ на 1ТВ Сашо Орданоски вечерва покажа дека е заглавен во 2014 година.

Реториката која ја користеше Орданоски во емисијата во која гостин беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски наликуваше на онаа од пред пет години. Веќе од 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, освен тоа, целото раководство на партијата е променето, а Орданоски упорно зборуваше за тоа што се случувало пред неколку години.

Иако свесен, Орданоски директно не ја осуди актуелната власт за непотизмот и за криминалот, две работи кои се синоним за владеењето на СДСМ.