МВР не ги чува Орце Камчев и Цветан Панделески, бидејќи такво барање не добиле ниту од судот, ниту од обвинителството. На препорака на СЈО, а по одлуката на Апелациониот суд, двајцата синоќа излегоа од затворот „Шутка“.
Министерот Оливер Спасовски говореше за Тв21, а пренесе Пресс24.
– Досега, до моето влегување во студиото немаме добиено никакво известување ниту пак решение за тоа дека треба да се преземаат некакви мерки. Јас не би претпоставувал што може да се случи во понатамошниот период, меѓутоа очигледно врз основа на некакви аргументи кои што веројатно може да ги објаснат и обвинителството и судот, ги носеле одлуките. Меѓутоа јас ќе кажам уште еднаш дека ова се несреќни одлуки – рече Спасовски.