Македонија 07. април 2020. / 18:28

Онлајн разговор на американската амбасадорка со министерот Филипче за епидемијата на корона вирусот

Онлајн разговор на американската амбасадорка со министерот Филипче за епидемијата на корона вирусот

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс денеска се приклучи на онлајн средбата со министерот за здравство Венко Филипче и претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија, Џихане Тавилах.

Како што објави Амбасадата на САД на Фејсбук, амбасадорката Брнс се осврнала на грантот од 10 милиони долари на УСАИД за Светската здравствена организација (СЗО), од кои 600.000 долари се назначени за поддршка на помошта на СЗО за напорите за одговор на Македонија во справувањето со Ковид-19.

Оваа награда е дел од поддршката на САД за С. Македонија и се гради на долгата историја на пријателство, партнерство и сојуз меѓу нашите две земји – наведуваат од Амбасадата на САД на Фејсбук.

На средбата амбасадорката Брнс, исто така, истакнала денешниот Светски ден на здравјето е значаен ден за здравствените работници кои моментално се на првата борбена линија против вирусот Ковид-19.